Благодарница од Комора на сметководители на Македонија

Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори вчера го прослави својот јубилеј 10 години години постоење и го одбележа Меѓународниот ден на сметководството со свечен настан организиран во ресторанот „Воденица“. Свое обраќања пред присутните членови на Комората, претставници на Сојузот на стопански комори и на државните институции имаше претседателот на Комората Драган Митковски.

Во повод јубилејот беа доделени благодарници за посебен придонес за развој на професијата на Ангелко Грозданов, Кирил Тасевски и сметководствената фирма „Бироком“. Членовите на Комората благодарница му врачија на претседателот Митковски.

Во периодот на своето постоење Комората се труди активно да учествува во креирање на политиките, се залага за унапредување на сметководствената професија и статусот на сметководителите и континуирано работи на подобрување на квалитетот на вршењето на сметководствените работи со цел регулирање на професијата и заштита не само на компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, туку и на сите останати компании – корисници на услугите.